БЕЗ ГОЛОВИ НА ДЕРБИТО ЕВЕРТОН-ЛИВЕРПУЛ,СИТИ ЛИДЕР НА ПЛ

Евертон и Ливерпул одиграа 0-0 во Мерсисајд“дербито. Во  натпревар со огромно значење за Ливерпул,Евертон избори  реми на Гудисон Парк.Фаворитот преку Салах пропушти идеална шасна во 1.полувреме.Во вториот дел,Мане,Салах и Фирмињо не го пронајдоа патот до мрежата на Евертон и застанаа на 70 бода,препуштајки му  го врвот на табелата на Манчестер Сити.Граѓаните вчера победија со 1-0 кај Борнмут и имаат бод повеќе од Ливерпул после 26.коло,каде попладнево Челзи славеше со 1-2 кај  Фулам и од 6.место со бод помалку од  Арсенал и два од Јунатед, ги одржува шансите за место во ЛШ.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ