Белата куќа ја укина акредатицијата на дописникот на Си-Ен-Ен поради кавгата со Трамп

Мислам дека треба да ме оставиш да ја водам државата, ти води го СиЕнЕн и ако работиш добро рејтинзите ќе ви бидат многу подобри, му порача американскиот претседате Доналд Трамп на репортерот од СиЕнЕн.

Американскиот претседател во нова кавга со новинар. Овој пат на другата страна од дебатата беше главниот дописник на СиЕнЕн од Белата куќа Џим Акоста, кој го навлече гневот на претседателот прашувајќи го за мигрантскиот караван кој се приближува кон американските граници и истрагата за руското мешање во изборите.

Доволно беше. Сакав да ве прашам, останатите луѓе… Доволно беше. Извинете госпоѓо. Извини доволно беше, разговорот стануваше се по остар.

Тајната служба му ја одзеде акредитацијата на Акоста затоа што, според Белата куќа, ја турнал практикантката која се обиде да му го одзеде микрофонот. Снимките сепак не го поткрепуваат ова тврдење на Белата куќа, но тоа не го спречи Трамп.

СиЕнЕн треба да бидат засрамени затоа што ти работиш за нив. Ти си груба, ужасна личност, не треба да работиш за СиЕнЕн, видно изнервираниот Трамп му порача на Акоста.

Караницата меѓу Трамп и Акоста се развлече преку целата пресконференција и го предизвика американскиот претседател во нов напад врз медиумите.

Добро, те молам седни. Кога пренесувате лажни вести, што СиЕнЕн често го прави, тогаш вие сте непријател на народот, заклучи Тамп во нападот.

Во одбрана на Акоста застанаа повеќе медиуми и колеги дописници од Белата куќа, кои одземањето на акредитацијата на Акоста го оценија како престрого. Поради тоа СиЕнЕн ја обвини прессекретарката Сара Хакаби Сандерс дека лаже за употребата на сила од страна на Акоста врз помошничката во пресцентарот. Сандерс пак ги обвини за ниски стандарди и нецивилизиран однос.  Асоцијацијата на дописници од Белата куќа повика на смиреност и посочи дека интеракцијата меѓу репортер и претседател, колку и да се чини неудобна на моменти, сепак е потребна во зацврстувањето на националните институции.

Игор Трајков

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ