Беџети го обвини премиерот Заев за притисоци и нарачки за разрешувања

Возачи со папки под пака, адвокати во канцеларија и телефонска нарачка за гласање во Судскиот совет и разрешување на претседател на суд… Серија тешки обвинувања за политички притисок и корупција упати градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, на сметка на премиерот Заев. За кривичната пријава од Антикорупциска смета дека е порачана од централната власт за да се продолжи притисокот врз него.

Станува збор за платформата на ресторанот на Матка, за која беше поништена легализацијата, а  за чија сопственост се води правна борба меѓу планинарска федерација и МПЦ. На оваа тема имало и средба во градоначалничкиот кабинет на која според Беџети присуствувале адвокат на премиерот чие име на го наведе, претставник на МПЦ и жител на Сарај.

Градоначалникот Беџети изнесе сериозни обвинувања на адреса на премиерот. Заев  телефонски од него побарал да влијае врз членови на Судскиот совет и на седница одржана на 17 минатиот месец да гласаат за разрешување на претседател на суд.

Откако одбил да го стори тоа, Беџети тврди дека Антикорупциската комисија во нестандардна постапка ја донела одлуката за кривично гонење.

Тој упати обвинувања и на сметка на градоначалникот Шилегов. Побарал да сруши една платформа а другите да ги остави.

Шилегов пак потврди дека имало средба и дека барал да се отстрани дивоградбата, но додаде дека го сторил тоа бидејќи јавноста барала тој да се превземе нешто.

Од Владата засега без коментар околу тврдењата на градоначалникот на Сарај.

Беџети најави дека за се што се случувало околу дивоградбите на Матка, но и притисоците и нарачките на премиерот Заев ќе го брифира претседателот на ДУИ, Али Ахмети и додаде дека ќе поднесе и кривични пријави против членовите на Антикорупциска. Тој не ја исклучи можноста и да организира референдум на подрачјето на општината околу ингеренциите што за скопскиото градоначалник е само собирање на политички поени.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ