Барселона со најлош старт во последниве 25 години

Фудбалерите на Барселона на гостувањето против Гренада забележаа нов пораз откако домашниот тим славеше со 2:0.


За Каталонците ова е втор пораз сезонава, а со вкупно седум бода во пет натпревари го бележат најлошиот старт на сезоната во последниве две и пол децении.


Гранада триумфираше со головите на Рамон Азез и Алваро Вадиљо и ја забележа првата победа над Барселона по пауза од пет години.
Пред овој дуел Барселона во соочувањата со Гранада има низа од шест последователни победи со гол разлика 21:2.


По очајниот старт на сезоната медиумите во Шпанија повторно ја отворија темата околу иднината на тренерот Ернесто Валверде, кој сигурно не е единствениот виновник за катастрофата, но дека тој прв треба да ја преземе одговорноста и да се повлече од тренерската функција.

повторно ја отворија темата околу иднината на тренерот Ернесто Валверде, кој сигурно не е единствениот виновник за катастрофата, но дека тој прв треба да ја преземе одговорноста и да се повлече од тренерската функција.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ