Банките рекордери по профит

За високиот профит на банките брокерите објаснуваат дека тој се должи на високите камати и провизиите што ги наплатуваат од граѓаните и фирмите, но и на фактот што наплатиле некои лоши пласмани од минатото, а и сега прават помали резервации за кредитите што ги даваат, од причина што се намалило нивото на ризик, а тоа им ги намалува трошоците во работењето.

Тоа е вообичаено, се случувало низ годините, но тоа зависи и од состојбите во економијата, кога има влошување, тие исправки се зголемуваат, но кога има подобрување на состојбите во економијата, тие се намалуваат, бидејќи банките успеваат да наплатат дел од кредитите и така да ја подобрат својата профитабилност“, вели Горан Марковски, КБ Публикум Инвест.

Во топ десетката влегуваат и Телеком и Мермерен комбинат со профити од по околу 23 милиони евра, УСЈЕ со 17 милиони евра добивка, како и Охридска и УНИ банка.

Всушност, од осум котирани банки, лани ни една не работела со загуба, а од индустријата загуби имале 10 фирми, додека со профити се закитиле 30. Градежниот сектор имал помали опареативни добивки, а загуба имала една фирма.

Всушност, лани добивките на стоте котирани компании пораснале за 26,25 отсто и тие изнесуваат вкупно 224 милиони евра. Но, дури 87 отсто од овие профити се должат на десетте најуспешни компании за лани.

За годинава брокерите очекуваат трендот на раст на добивките да продолжи, особено за успешните фирми, но тој нема да биде толку силен, бидејќи се стравува од рецесија на европската економија, а и домашните компании веќе го достигнале својот потенцијал и работат со нормална профитабилност, па сега нема толку голем простор за раст.

Од друга страна, приближувањето кон НАТО ќе ја зголеми безбедноста и стабилноста, а тоа, покрај добрите добивки, ќе ги привлече и странските инвеститори на Берзата.

Првиот квартал од годинава не тргнал сосема добро, прометот од тргувањето со акции е намален за речиси 12 отсто, според брокерите, тоа се должи на претходните големи очекувања.

Каков ќе биде интересот за годинава ќе се знае откако компаниите ќе ги објават резултатите и одлуките за дивидендите.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ