Бадникари со песна од рано утрото ги посетуваат домовите на охриѓани

Младите бадникари со песна од рано утрото ги посетуваат домовите на охриѓани, најавувајќи го големиот празник Рождество Христово Божиќ.

Празничната атмосфера во градот ја збогати традиционалната бадникова литија, која оваа година беше најмасовна до сега.

На централниот плоштад младите бадникари ги пречека градоначалникот на Охрид, кој им подели божикни подароци.

Празниците и убавото време го раздвижија Охрид, кој викендов е полн со гости кои уживаат во одличната понуда на градот. Божикните чествувања ќе бидат заокружени со концерт на црногорската музичка ѕвезда Сегеј Четковиќ, кој ќе настапи утре вечер на градскиот плоштад во рамки на проектот од 20 до 20 сите во Охрид.

Горан Момироски

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ