Автопатот Скопје – Блаце ќе се гради годинава – Готов до 2023?!

По десетици години ветување, почнува реализацијата на автопатот Скопје – Блаце. Ќе се гради во две фази, најпрво делницата од границата со Косово до село Блаце во должина од 2 км.

Тендерот за избор на изведувач ќе се објави следниот месец, градежните работи ќе почнат во вториот квартал од годинава и ќе траат 18 месеци. Надлежните уверуваат дека работите ќе се одвиваат брзо бидејќи на овој дел не се предвидени тунели. Паралелно ќе се работи на проектирање на вториот  фаза од патот од Блаце до Стенковец долга 10,5 км. Тендерот ќе биде објавен во 2020 година, а изградба се очекува да заврши по 2023 година

За овој дел од патот според министерот Сугаревски мора да се направи препроектирање поради проблеми со експропријација но и затоа што не може да се гради врз основа на застарените и неприменливи проекти

„Утврдено е дека трасата треба да се помести заради индустриски објекти и гробишта. Проектот за тунелот не ги исполнува сатндардите“, кажа Сугаревски.

Проценетата вредност на автопатот е 110 мил. евра кои ќе се обезбедат со заем и грантови од ЕБОР и од европскиот фонд за западен Балкан како и од буџетот на ЈП за државни патишта. Името на идниот автопат не е утврдено и за него треба да одлучи Владата, но во неформални разговори рече вицепремиерот Бујар Османи се споменува  Арбен Џафери како што е именуван патот од Косовската страна.

Автопатот е од стратешко значење за Македонија бидејќи се скусува патувањето од Скопје до Приштина од 2 часа на 45 мин и  ќе се овозможи зголемена трговска размена и економски напредок.

Виолета З Стојановска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ