Машински експерти ќе проверуваат дали автобусот се движел со 80 километри на час

Брзината со која се движел автобусот пред да се излета од автопатот кај Ласкарци била околу 80 километри на час, покажал уредот во возилото за мерење на брзината на движење. Ова се неофицијалните информации од истрагата.

Од скопското обвинителство потврдуваат дека добиле информација за брзината, но велат дека не можат да потврдат дали е тоа реалната брзина со која се движел автобусот затоа што тоа ќе треба да го утврдат вештаците од машинскиот факултет преку нивната експертиза. Треба да се провери дали уредот за мерење на брзината бил исправен или пак можеби бил закочен.

Во текот на денот обвинителството ќе даде издаде и други наредби како што е проверка на листинзите на телефонот на возачот но и вештачење дали можеби користел други апликации за комуникација како вибер.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ