Автобусот на „Дурмо турс“ се движел со 99 км на час

Автобусот на Дурмо турс се движел со 99 км на час,  наместо под 80 км колку што е дозовлено за автобусот тежок 15 тони.  Поради недозволената брзина возачот изгубил контрола и почнал да кочи во моментот кога ја пробил оградата на средината од автопатот но со несиправни сопирачки не можел да го застане автобуот кој ја минал и втората ограда излетал од автопатот и паднал во нива во Ласкарци. Ова се главните причини поради кои се случи трагичната сообракајка страшен биланск од кој 15 мртви и 39 мина повредени патници, соопшти шефот на скопското основно обвинителство Рајчев.

Обвинителството нареди приведување на 7 мина меѓу кои возачот и сопствеикот на Дурмо Турс, неколкумина вработени во Дурмо Турс и станицата за технички преглед двете фирми во сопствнеост на ист газда првоосоничениот Дурмиш Бејули.

Но оваа несреќа е последица на низа други незаконитости за кои одговорните во двете компании замижувале, покажале вештачењата и документите кои ги собра обивнителството во предистрагата.

Белјули поседувал сертификат врз основа на кој е издадена лиценцата за превоз, обвинителите утврдиле дека тој не го организирал превозот согласно прописите и му го  му го препуштил  раководењето на друг вработен кој не поседувал соодветен сертификат.  Раководителот е одговрен за инсталирање на уред во автобусот кој го манипулирал тахографот да не покажува точна брзина. Здравствените проблеми на возачот Мане Трифуновски а неговите не влијале врз несреќата ниту во моментот зборувал на телефон покажале вештачењата.

Првите 6 мина осомничени за кои обивнителството бара притвор одговраат за тешки дела против безбедноста  на луѓето и имотот во сообраќајот  за кои е пропишана казна затвор од најмалку 4 години затвор. 7 осомнилениот се гони несовесно работење во службата затоа што без да го провери тахографот издал протврда дека е исправен и за него обвинилството бараше мерки на претпазливост.

Рајчев вели дека предистрагата била обемна и интензивна, ја воделе двајца обивнители и освен бројните вештачења биле сослушани 47 сведоци. Сега во истрагата ќе се докомплетираат документите и доказите и ќе се сослушаат осомничените.

Елена Ивановска Муковска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ