Австрија стигна на чекор до втората фаза на ЕП, но сѐ уште е без сигурен пласман

Австрија стигна и до втората победа на Европското првенство, откако ја совлада Украина со четири гола разлика (34:30). До самиот крај се играше израмнет натпревар во кој репрезентативците на Украина одржуваа резултатска рамнотежа.

Најдобар стрелец на натпреварот беше репрезентативецот на Австрија, Никола Билик, со десет голови во противничката мрежа.

Со оваа победа, Австријците стигнаа на чекор до следната фаза од првенството, бидејќи имаат максимални четири бодови во првите два натпревари.

Последното трето коло ќе одлучи кои две репрезентации ќе одат понатаму во главната рунда, бидејќи Македонија со евентуална победа против Австрија и доколку Чешка ја совлада Украина, три репрезентации ќе имаат по четири бода.

Во кругот ќе одлучува гол-разликата од меѓусебните натпревари на Австрија, Македонија и Чешка.

 

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ