Авион со 107 патници и членови на екипажот се урна во Пакистан

Авион на пакистанската компанија Интернешнал Ервејс се сруши во Карачи на лет од Лахоре, потврдуваат воздухопловните власти.

Авионот за којшто се соопштува дека превезувал 99 патници и осим членови на посата, летал од Лахоре кон меѓународниот аеродром Јинах, еден од најфреквентните аеродроми во Пакистан.

На фотографиите коишто се споделуваат на социјалните мрежи се гледа чад кој се издигнува од местото на падот на авионот кај густо населено стамбено подрачје.

На местото на несреќата пристигнаа екипи на итната медицинска помош.

Пакистанската војска соопшти дека војниците со своите сили брзо реагирале и вендаш пристигнале до местото на падот на авионот за да помогнат во спасувачката акција.

Сведоци изјавија дека авионот се обидел да слета два или три пати пред да се урне врз неколку куќи во близина на меѓународниот аеродром.

Оваа несреќа се случува само неколку дена откако земјата допушти комерцијални летови после блокадата поради корона вирусот.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ