Авион со 107 патници и членови на екипажот се урна во Карачи- нема преживеани

Авион на пакистанската компанија Интернешнал Ервејс се сруши во Карачи на лет од Лахоре, потврдуваат воздухопловните власти.

Загинаа сите 99 патници и осумчлен од екипаж. Авионот летал од Лахоре кон меѓународниот аеродром Јинах, еден од најфреквентните аеродроми во Пакистан. Шокиран и тажен сум, истрагата ќе започне веднаш, напиша на Твитер пакистанскиот премиер Имран Кан.

Чад се издигнува од местото на падот на авионот, кој се урна во густо населено стамбено подрачје, во непосредна близина на Карачи. Сведоци изјавија дека авионот неуспешно се обидел да слета два или три пати пред да се урне.

– Слушнавме голема бучава додека нешто паѓаше од небото. Не е тоа како кога обично паѓа авион. Буката се чувствуваше како потрес, како ѕид или резервоар за вода да се урна, но кога дојдовме тука насекаде имеше чад, вели Тахир Хусаин, очевиден и инженер по воздухопловство.

Местото на несреќата каде, пристигнаа екипи на итната медицинска помош, е целосно блокирано.

Пакистанската војска соопшти дека војниците со своите сили брзо реагирале и веднаш пристигнале до местото на падот на авионот за да помогнат во спасувачката акција.

Оваа несреќа се случува само неколку дена откако земјата допушти комерцијални летови после блокадата поради корона вирусот.

Улиците во Карачи денеска беа препопли со купувачи кои се подготвуваат за за претстојниот празник Фитр бајрам, но при тоа не ја почитуваа препораката на здравствените власти за одржување на социјална дистанца. А жените во козметичките салони ги разубавуваа своите лица.

– Фитр е повод жените да ги си разувабат лицата, веѓите треба да бидат сјајни, додека пак рацете треба да бидат обоени. Тоа е причината што луѓето во голем број излегоа на пазарите, вели Сана Шахнаваз.

Во Пакистан се потврдени речиси 50.000 инфицирани од корона вирусот и повеќе од 1.000 мртви.

Во историјата на Пакистан ќе останат запишани три големи авионски несреќи, последната се случи во 2016, во која загинаа 47 луѓе кога авион се запали на северниот дел на земјата, предходно 127 луѓе загинаа во авионска несреќа на Боинг 737, кој падна поради лошото време, а најголем број жртви имаше во несреќата во 2010 кога авион падна во близина Исламабад.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ