Атрактивните голови на Кун на среќната Германија и донесоа билет за Виена

Двојниот европски шампион, Германија се квалификуваше во втората фаза од првенството откако ја совлада Летонија во неизвесен натпревар.

Дуелот на овие две репрезентации беше потежок од очекувањата, но Германија успеа да ја извојува неопходната победа во последниот натпревар од прелиминарната фаза на ЕУРО.

Со победата 28:27, Германците ќе одат во Виена додека Летонија го заврши својот прв настап на европските првенства без освоени поени и 3 порази.

Јулиус Кун беше најефикасниот играч на Германија со 8 гола од 9 обиди.

Играчот на Вардар, Даинис Кристопанс со 7 постигнати голови беше најефикасен во Летонија. Германскиот играч Пол Друкс го доби признанието за најдобар играч на натпреварот.

Два дена по разочарувачкиот пораз 26:33 против Шпанија, Германците повторно не воодушевија, но успеаја да го совладаат дебитантот на европските натпреварувања.

 

 

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ