Атлетико ослабен пред дуелот со Јувентус

Вечерва ќе бидат познати уште две екипи кои ќе го продолжат настапот во фудбалската Лига на шампиони. Јувентус во Торино ќе се обиде да ја надополни негативата од два гола додека Манчестер Сити е пред пласман меѓу осумте најдобри.

Во пресрет на денешниот дуел против Јувентус, тренерот на мадридски Атлетико нема да може да смета на половина од играчите кои се стандардни во дефанзивниот ред. Поради повреди во Торино не отпаруваа Фелипе Луис и Лукас Ернандез, а неизвесен е и настапот на Диего Годин, кој од тренерот побара да игра на свој ризик. Поради жолти картони немаат право на настап Диего Коста и Томар Парти и поради тоа Симеоне беше принуден во составот да вклучи и неколку играчи од вториот тим на Атлетико.

Ниту предводникот на Јувентус, Масимилијано Алегри не може да смета на најсилниот тим, но неговите проблеми се скоро занемарливи со оглед на фактот дека во комбинација нема да бидат Даглас Коста, Андреа Барѕаљи и Матија Ди Шиљо, а поради суспензија ќе отсуствува Алекс Сандро.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ