АТЛЕТИКО,БОРУСИЈА ,ПОРТО И ШАЛКЕ ВО 1/8 ФИНАЛЕ

Атлетико Мадрид и Борусија   се изборија за првите две места во А групата и на коло пред крајот го визираа учеството во нокаут  фазата.Атлетико победи со 2-0 над Монако,Борусија одигра без голови со Бриж.

Во групата Б,Тотенхем со голот на Ериксен го порази Интер и се изедначи со клубот од Милано на табелата со по 7 бодови зад победникот во групата Барселона, која синоќа со 1-2 го отиша ПСВ и  за место во Лига Европа.

ПСЖ со 2-1 го доби дербито со Ливерпул,Наполи со 3-1 ја совлада Црвена Звезда.Фаворитското трио  во Ц групата ќе решава за првите две места во последното коло,во кое Звезда ќе има можност за преселба во Лига Европа.

Во групата Д,Порто го совлада Шалке со 3-1 но двете екипи продолжуваат во елиминациите, откако  на воведниот меч Локомотив го порази Галатасарај со 2-0.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ