Аселборн: Ако падне Шенген, паѓа и ЕУ

Министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн ја повика германската Влада, што е можно поскоро, да ги укине граничните контроли со Луксембург и Франција.

„Граничните контроли ме загрижуваат. Ако падне Шенген, тогаш паѓа и ЕУ.. Шенген е најголемото достигнување на Унијата“, рече Аселборн во изјава за германските медиуми.

Тој посочи дека граничните контроли носат само  проблеми.

„Секој ден ми пишуваат луѓе од Германија кои се жалат на граничните контроли“, рече Аселборн, додавајќи дека за луѓето во пограничните области е тешко да одат на работа.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ