Армиски промени за НАТО обврски – ќе се купуваат и хаубици

Нови транспортери, артилериски хаубици, западно-европски хеликоптери – сето тоа според плановите за развој на одбраната недостасува на армијата и ќе биде купено откако државата ќе стане 30-та членка на НАТО. Промени ќе има и во бројот на вработените во министерството, како и во изгледот и составот на воените единици.

За помалку од 6 години, македонската армија ќе мора да подготви декларирана единица од околу 900-тини војници подготвена за учество во мисиите на НАТО, ова ќе биде една од обврските на државата по претстојното членство во алијансата. Единицата од НАТО ниво средна пешадиска батаљонска борбена група ќе биде соодветно опремена и обучена, а до 2023-та треба целосно да биде формирана и во две години обучена за учество во мировни мисии. Главен приоритет во набавките и модернизацијата ќе биде опремувањето токму на оваа единица, потенцираат изворите на Телма од Министерството за одбрана.

АРМ во наредните 5 години со зголемувањето на буџетот до 2 проценти од БДП ќе може да се вклучи и во модернизација, ќе се купат оклопни транспортери потребни за функционирање на пешадиските единици, а ново оружје – современи хаубици треба да бидат набавени за потребите на Артилерискиот батаљон. После 5 години планиранпо е и купување на воени хеликоптреи, а планот е сегашните руско-украински да се заменат со западно произведени хеликоптери.

Сепак членството во НАТО, како најголем предизвик ја прави безбедноста на комуникациите и и на информациите кои ќе се менуваат со алијансата. Тој дел од набавките и обуката ќе се однесуваат и на сајбер безбедноста, бидејќи се повеќе зканите се остваруваати преку интернетот односно преку хакирање и крадење на податоци. Овој предизвик мора веднаш да се решава, бидејќи некои од поновит е членки на НАТО предизвикале проблеми затоа што по своето зачленување дозволиле истекување на доверливи информации.

Една од маките кои ги носи членството во НАТО е и тоа што актуелната структура на македонскат аодбрана е поголема од потребното, па ќе има кратење во составот на министерството за околу 300 луѓе. За тие службеници решение ќе се наоѓа со префрлање во администрацијата. Војската ќе треба да брои околу 6850 припадници, а во моментот веќе е отпочната трансформација на ренџерскиот батаљон во батаљон за извидување.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ