Апелација потврди, 4 години затвор за напаѓачот на Шекеринска

Панче Ангелов ќе треба да одлежи 4 години затвор за насилтвото врз министерката Радмила Шекеринска на 27 април.  Апелација го одби неговото барање да му ја намали казната или да му ја смени во условна, потврдија од судот за Телма. Повисокиот суд ја потврдил првостепената пресуда од 4 години затвор, која Ангелов ја оцени како превисока бидејќи, како што рече, само ја повлекол за коса Шекеринска и не и нанел тешки повреди.

Во мегувреме во скопското основно обивнителство се води уште една истрага за напад на Шекеринска. Таа неделава даде исказ како оштетена и за напаѓачот кој со статив од камера ја удри во прес центарот на Собранието. Вчера стартуваше и судењето за нападот на пратеникот Села.

Најсложениот предмет поврзан со „Крвавиот четврток“ е се уште во истрага во обвинителството за организиран криминал. 35-мина се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Поранешниот судија, а сега адвокат Јован Јоанидис вели обвинителството почна со најлесните кривични дела како учество во толпа за потоа да оди кон построгите, насилство, убиство во обид, па се до истрагата за организиран криминал, но очекува да заврши со посочување на организаторите на целото сценарио од 27-ми април

Вчера Кривичен по предлог на обвинителстовто му го замени притворот во Шутка со домашен притвор на оперскиот пејач Игор Дурловски и собраниската службеничка  Елена Доцевска Божиновска. Одбраната очекува да бидат пуштени од Шутка следната недела откако решенијата ќе станат правосилни. Од слобода ќе се брани пратеничката Жаклина Пешевска. Нејзините колеги и другите осомничени остануваат со старите мерки.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека Дурловски и Божиновска непотребно ќе се држат во куќен притвор. Го обвинија судот и правосудните органи дека се продолжена рака на СДСМ и дека ја злоупотребуваат мерката притвор. Судот е дел од политичка хајка против лица кои не сториле терористички акт, велат од партијата.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ