Антонио Конте доби отказ од Челзи

Антонио Конте повеќе не е менаџер на екипата на Челзи, откако денеска управата му врачи отказ.

Италијанецот две сезони беше на клупата на „Стемфорд Бриџ“ и во првата го предводеше тимот до шампионската титула во Премиерлигата, но во втората сезона не беше толку успешен. Челзи заврши на петото место на табелата, но успеа да го освои ФА Купот.

Наследник на Антонио Конте, најверојатно ќе биде неговиот сонародник Мауруцио Сари, кој пак летово заработи отказ од кормилото на Наполи.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ