Антикорупциска треба да бира предмети на кои ќе работи

Дваесет и две седници во период од шест месеци, оформени речиси илјада случаи и донесени 273 одлуки е билансот од шестмесечното работење на Антикорупциската кое го истражуваше институтот за демократија „Социетас Цивилис“. Најголем дел од отворените постапки се однесуваат на процесите на вработување, судир на интереси и имотната состојба а најчестите области каде постапувале антикорупционерите се образованието, јавните услуги, локалната самоуправа, политичките партии и правосудството. Над 200 одлуки се да се запре постапката бидејќи не се најдени елементи на корупција а 65 се да се продолжи и да се бара одговорност, а од Институтот велат дека тоа е очекувано поради моменталната кадровска и техничка опременост на Комисијата и препорачуваат тие да се фокусираат на помал број предмети за да постигнат подолем успех.

Мониторингот покажал дека најголем број од предметите Антикорупциска ги отворила по сопствена иницијатива или по допрен глас а во просек на секој предмет се работело околу два и пол месеци.

Дел од отворените предмети сеуште не се финиширани бидејќи во нив се работи за високи функционри, што е разборливо за тимот од Инситутот за демократија и токму затоа тие препорачуваат дека антикорупционерите мора да го намалат обемот на работа, да се постават стратешки и да се фокусираат на суштинските извори на корупција. Со тоа би се постигнал далеку поголем ефект.

Инаку, денеска се сретнаа републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески и претседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска а на средбата беше договорено да се интензивира соработката во борбата против корупцијата и да се продолжи со координација на иницијативите кои Антикорупциска ги поднесува до Обвинителството.

Огнен Чаначаревиќ

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ