Анкета на МЦМС: За СДСМ би гласале 24,4%, за ВМРО ДПМНЕ 24%

МЦМС објави анкета со рејтинзи на партиите.  На прашањето за која партија ќе гласате доколку утре се одржат  парламентарни избори, податоците од анкетата  на МЦМС покажува дека за СДСМ би гласале 24,4 отсто,  а за ВМРО-ДПМНЕ 24.  За ДУИ  би гласале 6,9, додека за  Алијанса за Албанците 2,7 отсто . Беса би добила 1,7 проценти . За други партии се изјасниле 2,5 проценти од испитаниците, а не знаат или нема да гласаат  37,8 проценти. Кај етничките Македонци, ВМРО-ДПМНЕ има мала предност од 31,2% наспроти СДСМ со 28,3%.  СДСМ се уште има поддршка кај 8% од етничките Албанци, додека кај ВМРО-ДПМНЕ таа е помала од 1%.  Овој резултат е во рамките на  испитувањето на јавното мислење за претстојниот референдум, кое за МЦМС го спроведе агенцијата М-проспект во периодот од 24 јули до 01 август 2018 година. Анкетата е спроведена на примерок од 1026 испитаници. Резултататите се подложни на статистичка грешка од плус , минус 3,1 одсто.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ