Анѓушев: Како ќе им истекуваат лиценците така ќе престанат да постојат некои факултети

Образовниот систем не одговара на реланите потреби на економијата. Загрижувачки е тоа што во државава 90% млади одат на факултет, а во истовреме немаме квалификувани работните, како заварувачи шофери и слично, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев во вечерашната Топ Тема на Телма.

На прашањето што со лиценците на факултети, кои постојат во голем број во државата, вицепремиерто Анѓушев одговори дека владеењето на правото ќе го доведеме во прашење ако им се одземат лиценците.

– Она што го направи оваа влада- не издаваме нови лиценци на нови факултети, истакна Анѓушев, туку како ќе им истекуваат лицентците така ќе престанат да постојат.

Доколку ситуацијата беше поинаква 18.000 квалификувани работници би се вработиле денеска, рече вице премиерот во вечерашната Топ Тема на Телма.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ