Ангеловска и Кочовска се препукуваат за новото задолжување

Државата преку аукција на државни хартии од вредност се задолжи со 8,1 милиони евра. Со ова задолжување, дополнителната заменичка министерка за финансии Кочовска смета дека се оди кон  непродуктивно зголемување на јавниот долг.

„Тука е проблемот. Овде имаме 500 милиони денари ново  задолжување, а утре немаме никакво раздолжување. Значи имаме 500 милиони денари нов долг.

Од Министерството за финансии пак велат дека државните хартии од вредност се евтин извор на финансирање на буџеѕтскиот дефицит , но и на стари долгови.

„Годинава за отплата имаме надворешен долг од 437,8 милиони ера и отплата по основ на домашен долг од  во износ од 264,9 милиони евра. Исто така треба да се финансира и буџетскиот дефицит“, велат од министерството за финансии.

Кочоска најави дека нема да одобри издавање на еврообврзница ако власта во овој период се одлучи на таков чекор. Но според состојбата тешко веројатно едека власта до изборите ќе се одлучи на тајов чекор. Инаку, слична ситуација имаше и во претходната техничка влада, кога тогашниот дополнителен заменик министер за финансии Кире Наумов во два наврати успеа да намали планирано издавање на две еврообзници. Сега, дополнителната заменичка во финансии, Кочоска не сакаше да ги коментира задолжувањата на претходната влада со став дека немала увид за што тогаш истите се правеле и дали биле  за проекот „Скопје 2014“. Јавниот долг во третиот квартал од годинава изнесува 5,4 милијарди евра што е 47,7 отсто од БДП.

Наташа Стојановска

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ