Ангелов: Официјалниот став на Бугарија е Декларацијата на Парламентот

Официјалниот став на Бугарија е декларацијата на Парламентот, поофицијален став нема од тоа, изјави денеска бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов во одговор на новинарско прашање дали ставот на Бугарската академија на науките (БАН) со кој се негира македонскиот јазик е и официјален став на Софија.

БАН објави реакција на Повелбата за македонскиот јазик на МАНУ, во која вели дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик.

  • На 3 декември 2019 година Собранието на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) усвои „Повелба за македонскиот јазик“. Во неа се конструирани историски и јазични аргументи за заштита на официјалниот книжевен јазик во Република Северна Македонија како посебен самостоен јазик со континуитет и генеалогија, кој во Скопје е наречен „македонски“, реагираше БАН и посочи дека документот предизвикал „многу сериозни научни забелешки“.

Северна Македонија ќе реагира на ставот на БАН дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик. Властите во земјава најпрво детално ќе ја разгледаат објавата на БАН, потоа ќе следува реакција и преку Министерството за надворешни работи.

Декларацијата што ја усвои бугарскиот Парламент во октомври годинава, ја содржи поддршката за целосна интеграција на Северна Македонија во ЕУ, но под услов земјава да исполни серија услови во однос на историјата и јазикот.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ