АНГЕЛЧЕ ПЕТРУШЕВСКИ ПОБЕДИ НА 51-ТО ИЗДАНИЕ ОД „ИКАС “

Прво и трето место за македонските кајакари во дицсиплината К1,во денешното спуштање  низ водите на реката Треска кај Матка,каде годинава по 51 пат се одржа традиционалниот Илинденски кајак слалом ИКАС.Нашите претставници ги потврдија вчерашните најави од квалификациите.Победи Ангелче  Петрушевски,трет во дисицплината заврши Борче Миречевски,на подиумот македонските кајакари ги раздвои Милош Јефтиќ од Србија.Во женскиот К1 ,триумф на  србинката Кристина Петровиќ.Панајотис Зисекас од Грција беше најдобар во дисцилината Ц1,пред Горан Јовановиќ  и Павле Здравковиќ од Србија.Нашиот Христијан Игњатов финишираше на 4.место.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ