АЛЕКС САНДРО ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТ СО ЈУВЕНТУС

Во пресрет на дербито со Рома,Јувентус објави дека го продолжил договорот со Алекс Сандро.Според новиот договор ,бразилецот ќе остане во Торино до крајот на 2023.Левиот бек беше поврзуван со можна преселба во Премиер лигата.Интерес за 27 годишниот бразилски репрезентативец  претходно пројавија Челзи  и Манчестер Јунајтед.Алекс Сандро е играч на Јувентус од 2015 година и се ближи до 100 настапи во Серија А со постигнати 9 голови.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ