Албанските земјоделски производи сериозна конкуренција на македонските

Македонското земјоделство може да стане конкурентно и барано само доколку е поразлично и поквалитетно од оние во регионот. Односно, да се произведува на што поприроден начин. Вака размислуваат претставниците на земјоделските здруженија, кои очајно се борат со се поприсутното земјоделско производство од Албанија, кое е сериозна конкуренција на македонското – побрзо стасува и поевтино е, поради поволните природни и климатски услови кои му одат во полза. Според Ристо Велков, решение е ориентација кон органско производство.

Еден од чекорите е користење на биолошки перепарати и ѓубрива, кои нема да ја загдуваат почвата а може да бидат совршена замена за арските ѓубрива, особено во услови кога се помалку се одгледува стока.

Обидите за органско земјоделско производство во државата се почнати пред  уште кон крајот на 90тите години, а  во 2004 се издаде првиот сертификат за органско земјоделство.

Во моментов помалку од  еден процент од  обработливото земјиште е со органско производство а според стратегијата за рурален развој, до 2020 е предвидено 4% од земјиштето да е со органско производство.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ