Албанија за девет месеци од туризмот инкасира 1,3 милијарди евра

Албанската економија за девет месеци оствари над 1,3 милијарди евра бруто приходи од туризмот. Овој сектор има најголема динамка во последните две години, соопшти Централната банка на Албанија.

– Во перодот јануари – септември годинава приходите од туризмот бележат раст од 13 отсто. Ако минатата година во овој период беа остварени приходи од 1,16 милијарди евра, годинава тие достигнаа над 1,31 милијарди евра, се посочува во соопштението од Централната банка на Албанија.

Според истиот извор само во третиот квартл од годината, кога е  и екот на туристичката сезона, странците потрошиле повеќе од 588 милиони евра за туризам и други патувања во Албанија.

Во деветмесечниот извештај се истакнува и дека албанските граѓани потрошиле 973 милиони евра за патување надвор од земјата.

Доколку се споредат двата показатела тогаш произлегува дека нето придонесот во турузмот за албанскта економја е околу 340 милиони евра, со што и понатаму останува најзначаен извор на валута за економијата.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ

Економија

Шпанската компнаија „Рубау конструксионес“ го раскина договорот со ЈП Државни патишта за изградба на делницата Фариш – Дреново

Шпанската компанија „Рубау конструксионес“ го раскина договорот со Јавното претпријатие за државни патишта за изградба...