Актерот Данчо Чеврески лауреат на Астер фест

Турските серии и останати будалаштини да се тргнат од македонските телевизии и на граѓаните да им се понудат квалитетни содржини и теми од нивното секојдневие. Ова е пораката што вчера од Струмица ја испрати актерот Данчо Чеврески, годинашниот лауреат на Меѓународниот филмски фестивал Астер фест.

Чеврески ја доби наградата Астер, за високи актерски достигнувања на 14 издание на филмскиот фестивал во чиј фокус е краткиот авторски филм. Актерот вели дека секој уметник кој е активен и создава постојано има потреба од потврда за неговата работа.

Годинава Астер фест ќе има филмски проекции во струмичкиот амфитеатар во градскиот парк, а публиката во четирите фестивалски денови ќе има можност да погледне 24 кратки филмови во официјална конкурекција. Награда Астер доби и режисерката Ким Лонгиното од Британија за исклучителни достигнувања во документарниот филм.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ