АХВ потврди, соините шницли и оризот содржат ГМО

Анализите во референтна лабораторија во Европската унија потврдија дека соините шницли и оризот на Виталиа содржат генетски модифициран материјал. Увезената соја е по потекло од компанијата „Соја-протеин” од Бечеј, Србија, а во промет се дистрибуирани преку КАМ-маркетите, информираат од Агенцијата за храна и ветеринство. Спорните производи се веќе повлечени од продажба и од магацините и ќе бидат уништени без да ја загадат животната околина, но нема информација дали и колку завршиле кај потрошувачите.

И Виталија и КАМ  ќе бидат казнети со по 5 илјади евра, а со казна ќе се соочат и одговорните лица во овие компании.

 

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ