Агенцијата за разузнавање ги плаќала телефонските сметки на Иванови заради безбедни комуникации, тврди Чулев

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја Иванова имале телефони за кои сметките ги плаќала Агенцијата за разузнавањето. Ова било поради безбедност на комуникации, тврди поранешниот директор на АР и сегашен министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

Чулев потврди дека Агенцијата им плаќала за телефоните во 5-6 години за да имаат безбедна комуникација со разузнвачката служба која е во директна надлежност на претседателот. Покрај редовните, и претседателот, но и неговата сопруга имале и службени телефони преку агенцијата.

Во една од „фејсбук-битките“ со Чулев, дополнителната заменик-министерка Славјанка Петровска тврдеше дека Чулев како директор платил 12 илјади евра за телефонски сметки на претседателското семејство Иванови.

-Сумата не е голема бидејќи станува збор за повеќе години, а целта беше од безбедносни причини, изјави денеска Наќе Чулев.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ