Адетокумбо, Харден и Џорџ кандидати за МВП

Јанис Адетокумбо, Пол Џорџ и Џејмс Харден се тројцата кошаркари кои влегоа во потесниот круг на кандидати за титулата најкорисен играч во првиот дел од сезоната во НБА лигата.

Во трката за најдобар тренер останаа Мајкл Баденхолзер од Милвоки, Мајк Мелоун од Денвер и предвоникот на Лос Анџелес Клиперс, Глен Риверс.

За најдобар шесто играч конкурираат Монтерзл Харел и Лу Вилијамс од Клиперс и Домантас Сабонис од Индијана, а за трофејот најдобар дебитант во конкуренција останаа Лука Дончиќ, Диандре Ајтон од Феникс и играчот на Атланта, Тре Јанг.

Имињата на освојувачите на наградите ќе бидат познати на 24 следниот месец.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ