АБА 2 ПЛЕЈ-ОФ: ПРИМОРСКА ВОДИ СО 2-0 ПРОТИВ МЗТ

Мзт Скопје не успеа да изедначи на 1-1 во плеј-оф серијата со Приморска во желба да направи брејк во Копер.Екипата од Словенија победи со  95-72 , стигна на чекор до освојување на АБА 2 лигата  и преселба во АБА елитата.За разлика од вчерашниот меч ,МЗТ не дозволи домаќинот да се издвои во првото полувреме.Приморска имаше 25-20  после воведната четвртина ,  43 -33 после вториот период,но решевачката разлика,домашните ја направија во наредните 10.минути.Македонскиот вице шампион немаше одговор и негативата од 21 поен беше недостижна во завршницата.Медфорд со 22 поени беше најсветлата точка кај МЗТ.

Финалната серија продолжува во Скопје на 4. април.Ако Приморска не ја искористи првата меч топка,на 5-ти во Јане сандански ќе се игра и четвртиот натпревар.Евентуална мајсторка во случај на 2-2 е закажана за 8. април  на терен на Приморска.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ