АБА 2: МЗТ ОД 3.МЕСТО ВО ПЛЕЈ-ОФОТ

Македонскиот вице првак  ќе влезе од 3.позиција  во плеј-офот во АБА 2 Лигата, откако во претпоследното коло од регуларниот дел на сезоната се врати со  пораз  79-91 од Сутјеска.После 21.коло,”Металците” имаат биланс 14/7.Во завршото коло,МЗТ го пречекува босански Спарс во меч без значење по изгледот на табелата,затоа што екипата од Сараево дефинитивно го освои 2.место и ќе ја има предност на домашен терен во полуфиналната серија  со МЗТ.Плеј -офот почнува на 20 март.Првиот дуел    ќе се игра во Сараево.Реваншот е закажан четири дена подоцна во Скопје. Евентуалната „мајсторка“ќе се одвива на теренот на Спарси на 28 март.Во втората полуфинална серија ,лидерот Приморска ќе ја очекува разврската  на дербито од последното 22.коло помеѓу Сутјеска и Борац кои имаат идентичен скор 12/9 за пласман на 4.место.Победникот на плеј-офот  ќе биде  промовиран во  Првата АБА лига.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ