Вести Свет

Трамп го обвини Иран дека соборил американски хеликоптер Апачи, ветувајќи одговор

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го обвини Иран дека соборил американски хеликоптер во близина на Ормускиот теснец, додавајќи и дека е неопходно САД да одговорат на нападот.

Двајцата членови на екипажот на хеликоптерот „Апачи“, кој се урна по нападот, биле спасени од американските сили.

„Станува збор за двајца пилоти, и двајцата се безбедни и неповредени“, напиша претседателот на својата платформа Truth Social. „Сепак, Соединетите Држави мора, од неопходност, да одговорат на овој напад.“ Во моментов не е јасно каков ќе биде американскиот одговор.

Ова е првата загуба на хеликоптер „Апачи“ откако започна конфликтот со Иран и доаѓа откако Трамп претходно изјави дека Вашингтон е во „последната фаза“ од договор со Техеран за ставање крај на регионалниот конфликт.

Според информациите на американската централна команда, хеликоптерот се урнал во близина на брегот на Оман, додека патролирал во регионалните води

Само неколку минути пред објавата на Трамп, главниот ирански преговарач, Мохамед Багер Галибаф на социјалните мрежи напиша:

„Ние го претпочитаме јазикот на дипломатијата, но многу течно зборуваме и други јазици. Ако ги прекршите вашите обврски, ќе преминеме на она што најдобро го знаеме. Го јавате коњот што сами го оседлавте“ – напиша Галибаф.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рама не се повлекува од проектот со Кушнер за луксузен туризам во јужна Албанија

Дејан Дејан

Мерит-системот станува примарен, а етничката припадност „секундарна“, смета Арта Биљали Зендели од ДУИ

Дејан Дејан

Сулејмани: Со новиот закон за правична застапеност ги спречуваме злоупотребите – следуваат санкции за лажно етничко изјаснување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе