Вести Македонија Најважни

„Нека се живи и здрави, не им се лутам“- Стевче Јакимоски за судиите кои му потврдија 1 година затвор, а тој смета дека власта сака да спречи да се кандидира за градоначалник

-Дали се лутам на судиите? Не се лутам. Нека се живи и здрави. Знам дека работат под притисок, вели поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски. 

Ни апелационите судии не се налутија, ама на Стевче Јакимовски наместо како што наслушнал дека целиот предмет ќе биде вратен назад, правосилно му пресудија една година затвор за бесправно градење. Тој дел од обвинението се однесува на зградата односно бараката во која беше сместена општина Карпош додека траеше изградбата на новата општинска зграда и пред тој објект Јакимовски одржа прес конференција откако Апелација ја потврди првостепената затворска казна за него.

-Пресудата против обвинетиот С.Ј. – поранешен градоначалник на општина Карпош, за кривичното дело – Бесправно градење од чл. 244 – а ст.1 од КЗ за кое дело му е утврдена казна затвор во траење од 1 година СЕ ПОТВРДУВА, а во изречената казна затвор му се засметува и времето минато во куќен притвор од 19.03.2019 год до 15.08.2019 година, соопшти Кривичниот суд-Скопје.

Од кривичниот суд потврдија дека денеска ја добиле пресудата по што таа ќе биде прераспределена до судија за извршување на санкции и ќе следува испраќање на упатен акт до осудениот. Процедурата за упатување на издржување на затворската казна ќе трае во зависност од капацитетот на затворот во Шутка бидејќи Јакимовски има преостанато уште седум месеци казна.

Апелација му ја поништи казната од три години за злоупотреба за легализација на имот околу ресторанот Имес каде веќе има нови згради. Второстепениот суд утврдил дека во описот на делото на обвинението не се содржани битните елементи на кривичното дело за кое се гони Јакимовски.

Од друга страна, дел од обвинението за злоупотреба на градоначалничка функција за друго дело ќе се врати на ново судење откако Апелација ја поништи првичната одлука за застарување на тој предмет.

Но, според Јакимовски клучна е потврдената едногодишна затворска казна за да го тргнат од нова трка за градоначалник на Карпош, бидејќи актуелниот од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски е на боледување.

-Осуден сум затоа што власта, овој диктаторски режим си постави во Карпош, тотално неспособен градоначалник којшто 4-5 месеци буквално блееше низ прозорот на својот кабинет пушејќи во него. И потоа зема боледување кое е лажно. Во моментот има потреба да бидам осуден, а тоа е да бидам спречен да се кандидирам на повторните избори за градоначалник на општина Карпош, изјави Јакимовски.

Случајот беше отворен пред повеќе од 7 години, а Јакимовски тврди дека имало фалисфикувани документи кои не постојат во општина, но се користени како докази во истрагата и процесот.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерит-системот станува примарен, а етничката припадност „секундарна“, смета Арта Биљали Зендели од ДУИ

Дејан Дејан

Сулејмани: Со новиот закон за правична застапеност ги спречуваме злоупотребите – следуваат санкции за лажно етничко изјаснување

Дејан Дејан

Трамп го обвини Иран дека соборил американски хеликоптер Апачи, ветувајќи одговор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе