Вести Македонија

Незири: Постепена интеграција кон ЕУ со цел граѓаните да ги почувствуваат придобивките

Полноправното членство станува сè потешко поради билатералните спорови и можноста за нови вета, оценува политичкиот аналитичар Џелал Незири во емисијата „Директно“.  Според него постепената или градуална интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е прагматично решение во услови кога полноправното членство сè почесто се соочува со политички блокади.

„Станува збор за градуална, односно интеграција на рати на земјите од регионот. Мислам дека тоа е паметен потег, бидејќи стана јасно дека полноправното членство може да биде невозможно поради историските спорови и можноста новите членки да го користат правото на вето“, вели Незири.

Тој посочува дека искуството на Северна Македонија со спорот со Грција и бугарските барања покажува како земјите-членки можат да ја користат својата позиција за наметнување национални интереси. Според него, слични примери веќе постојат и во односите меѓу други земји од регионот и членките на Унијата. Незири предупредува дека со секое ново проширување се зголемува ризикот од дополнителни блокади за земјите кандидати.

„Секогаш се наоѓаат причини за блокирање на членството на другите држави. Затоа постепената интеграција може да овозможи граѓаните да ги почувствуваат придобивките од ЕУ и пред полноправното членство“, оценува аналитичарот.

Незири смета дека моделот би овозможил земјите од Западен Балкан да ги користат четирите основни европски слободи – слободното движење на луѓе, капитал, стоки и услуги – додека прашањето за целосно учество во процесот на одлучување би останало за подоцнежна фаза.

Тој посочува дека по периодот на европеизација и подлабока интеграција, земјите од регионот би можеле полесно да стигнат и до полноправно членство во Европската Унија.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сулејмани во Топ Тема со контра-аргументи за меритократијата и етничката припадност во администрацијата

Дејан Дејан

Трамп го обвини Иран дека соборил американски хеликоптер Апачи, ветувајќи одговор

Дејан Дејан

Размена на обвинувања меѓу Груевска-Маџоска и министерот Љутков по нејзината оставка – Веселинка Лаброска е нова претседателка на Советот за македонски јазик

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе