Вести Македонија

Синдикат на УПОЗ: Нема да ги поддржиме законските решенија кои се носат зад грбот на вработените и без социјален дијалог

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), остро реагира на новите предлог-закони за судска служба и јавно-обвинителска служба, кои се доставени во Собранието без согласност од овој гранков синдикат и спротивно на текстовите кои биле заеднички подготвувани со синдикатите и објавени јавно на ЕНЕР.

„Џабе две и пол години работа, состаноци и усогласувања, ако на крај во Собранието се достават текстови на закони кои немаат никаква врска со она што беше договорено! Наместо подобри решенија и повисоки плати за вработените во судовите и јавните обвинителства, повторно се нудат решенија со кои платите остануваат заглавени во место, а во законите се внесуваат и прашања кои воопшто не треба да бидат дел од нив“ – реагираат од Синдикатот на УПОЗ.

Од оваа синдикална организација порачуваат дека нема да дадат поддршка на законските решенија кои се носат зад грбот на вработените и без вистински социјален дијалог, предупредувајќи дека доколку споменатите законски решенија продолжат во собраниска постапка, незадоволството ќе биде огромно а одговорноста за последиците ќе ја сносат, како што велат, „оние што одлучиле да ги игнорираат ставовите на вработените“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сулејмани во Топ Тема со контра-аргументи за меритократијата и етничката припадност во администрацијата

Дејан Дејан

Трамп го обвини Иран дека соборил американски хеликоптер Апачи, ветувајќи одговор

Дејан Дејан

Размена на обвинувања меѓу Груевска-Маџоска и министерот Љутков по нејзината оставка – Веселинка Лаброска е нова претседателка на Советот за македонски јазик

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе