Вести Македонија

Веселинка Лаброска е именувана за нова претседателка на Советот за македонски јазик, по оставката на Груевска-Маџовска

Владата на денешната седница го прифати предлогот на Министерството за култура и ја именува Веселинка Лаброска за нова претседателка на Советот за македонски јазик.

Лаброска е вработена во Институтот за македонски јазик „Крсте мисирков“, дописен член е на МАНУ и члена на сегашниот состав на Советот на македонски јазик.

Од Министерството за култура и туризам соопштија дека ѝ посакуваат успех на проф. Лаброска во работењето и очекува активно и посветено придонесување кон заштитата, унапредувањето и афирмацијата на македонскиот јазик.

Лабрсока е изменувана откако претходната претседателка Симона Груевска-Маџовска поднесе неотповиклива оставка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Размена на обвинувања меѓу Груевска-Маџоска и министерот Љутков по нејзината оставка – Веселинка Лаброска е нова претседателка на Советот за македонски јазик

Дејан Дејан

„Нека се живи и здрави, не им се лутам“- Стевче Јакимоски за судиите кои му потврдија 1 година затвор, а тој смета дека власта сака да спречи да се кандидира за градоначалник

Дејан Дејан

Помина една година, а конфекциите Фермактекст и Европа Фешн не им исплаќаат платите и придонесите на работниците- пријавено е и во МВР

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе