Вести Македонија

Почина проф. д-р Драги Данев прв ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во самостојна Македонија

Денес, по кратко боледување, во Скопје почина проф. д-р Драги Данев, редовен професор во пензија на Машинскиот факултет и прв ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во самостојна Македонија (од 1990 до 1992 година).

Драги Данев е роден на 21 септември 1942 година во Штип. Во 1978 година докторирал на Машинскиот факултет во Белград. На Машинскиот факултет во Скопје е избран во звањето вонреден професор истата година. Во 1984 година е избран за редовен професор. Претходно, од 1966 до 1976 работел во Рудници и железарница во Скопје и во „Факом“, Скопје.

Драги Данев беше член на Сојузниот извршен совет на СФРЈ (Влада на поранешна Југославија) од 1986-1988, како и министер за сообраќај врски на СФРЈ и член на Владата на Југославија (1988-1989).

Автор е на над 150 научни трудови од областа на машинството. Учествувал во редица домашни и меѓународни научни проекти. Автор или коавтор е на книгите „Испитување на моторните возила“ „Упатство за изработка на влечна пресметка кај моторните возила“, „Испитување на моторните возила, упатство за лабораториски вежби“, „Моторни возила“, „Познавање на моторните возила“. Автор е на учебниците „Конструкција на моторните возила“, „Пресметка на моторните возила“, „Теорија на движење на моторните возила“

Како ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се залагаше за унапредување на квалитетот на наставната и научноистражувачката работа на Универзитетот, како и за промовирање на интегритетот и автономијата на нашата најстара високообразовна институција.

Комеморацијата по повод заминувањето на проф. д-р Драги Данев ќе се одржи на 11 јуни 2026 година во 12.00 часот во просториите на Машинскиот факултет во Скопје

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Незири: Постепена интеграција кон ЕУ со цел граѓаните да ги почувствуваат придобивките

Tea Dimkovska

Ружин: Два концепта на проширување создадоа фрустрации на земјите од Западен Балкан

Tea Dimkovska

Синдикат на УПОЗ: Нема да ги поддржиме законските решенија кои се носат зад грбот на вработените и без социјален дијалог

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе