Вести Македонија Најважни

Судијата Ристов го користел просторот во куќата во Неготино каде беа пронајдени 350 илјади евра

„Ѓоко судијата го користи овој простор“, одговорил таткото на обвинетиот апелационен судија Ѓоко Ристов по откривањето на 350 илјади евра соѕидани на вториот кат во семејната куќа во Неготино. На денешното рочиште се пуштаа видео снимки од претресите и моментот кога полицијата во кујната во ѕидот зад плочките ги пронаоѓа парите спакувани во алуминиумски фолии во банкноти од 500 и 200 евра. Полицијата кога го запрашала за содржината на фолиите таткото на обвинетиот одговорил дека не знае што има во нив и дека може неговиот син ги ставил таму. Во куќата имало и ливчиња со броеви на предмети во кои бил инволвиран Ристов.

Беа презентирани и докази дека Ристов и неговата сопруга како кокредитобаратели купиле стан во Охрид од фирмата на Љупчо Пецов Ѓаволот, кој е обвинет и осуден за неколку кривични дела. Воедно и неколку одлуки кои ги носел Ристов поврзани со Пецов Ѓаволот.

А токму од Пецов Ѓаволот тргна истрагата против Ристов, откако неговиот адвокат Фехми Стафа беше фатен со мито за да посредува кај апелационен судија за укинување на притвор на неговиот клиент. Беа презентиррани и видеа од безбедносни камери како Стафа го посетува Ристов во неговата канцеларија во Апелациониот суд.

„Оној дел кој се однесува за Љупчо Пецов тоа се докази со кои обвинителството сака да покаже дека и одлучувал претходно и се познавал со ова лице во дел од постапките осомничен во дел пријавител“, рече обвинителката Искра Хаџивасилева.

Ѕвонко Давидовиќ, адвокатот на Ристов реагираше дека целосно не биле запазени прописите при пронаоѓање на парите и доказите се контаминирани.

„Гледате дека на плочките и на подот се ставани пари. Ракавиците се скинати. Се манипулирало со парите во 4 месец. Големо прашање е колку се валидни сите тие траги, но тоа ќе ни го објасни судска медицина која ние ја ангажиравме како технички советник на одбараната“, изјави Ѕвонко Давидовиќ, адвокат на Ристов.

Давидовиќ најави и дека како сведоци ќе бидат викнати и Стафа и Пецов Ѓаволот и ен е кривично дело кога некој се познава со енкого. Како доказ не беа изведени биолошките и финансиските вештачења кои треба да покажат дека токму Ристов ги криел парите, бидејќи одбраната побара како сведоци да бидат повикани вештите лица. Ристов претходно изјави дека е невин за двете кривични дела за кои е обвинет противправно стекнување и прикривање имот како и за перење пари.

Maрија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Незири: Постепена интеграција кон ЕУ со цел граѓаните да ги почувствуваат придобивките

Tea Dimkovska

Ружин: Два концепта на проширување создадоа фрустрации на земјите од Западен Балкан

Tea Dimkovska

Синдикат на УПОЗ: Нема да ги поддржиме законските решенија кои се носат зад грбот на вработените и без социјален дијалог

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе