Вести Македонија Топ вести

„Греота е, но факултетот мора да си сноси одговорност“ вели Jaневска за студентите кои овој месец не добиле студентски оброк

Студентите од Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола овој месец не ги добиле средствата за субвенциониран студентски оброк затоа што факултетот не го доставил потребниот список до Министерството за образование и наука, изјави министерката Весна Јаневска.

Таа појасни дека факултетите имаат законска обврска секој месец, во периодот од 1 до 20 во месецот, да доставуваат ажурирани списоци со студенти што ги исполнуваат условите за користење на правото на субвенциониран оброк, бидејќи бројот на корисници постојано се менува.

„Студентарија“ претходно објави дека и овој месец стотици студенти останаа без субвенциониран студентски оброк, а на секој од погодените студенти им се одземени по 3.640 денари кои законски им следуваат. Оттаму посочија дека ова не е првпат студенти да го изгубат правото на оброк поради административни пропусти. Во текот на оваа академска година, поради вакви случаи на студенти им беа одземени милиони денари кои останаа во државниот буџет, иако станува збор за средства кои законски им следуваат на младите.

Над 1.000 студенти останаа без субвенциониран студентски оброк

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екс директорот на Царината Богоев излегува од притвор, Судот ја прифати гаранцијата од 55.000 евра

Дејан Дејан

Мицкоски без конкретни очекувања од средбата Давкова – Јотова

Tea Dimkovska

Пушачите наскоро ќе добијат построги ограничувања – Законот против пушење ставен на дневен ред на следната собраниска седница

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе