Марјан Цветковски го познавам долги години и тој има сериозно искуство, очекувам одлични резултати со кои сите ќе се гордееме – одговори градоначаланикот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на советничко прашање зошто довчерашниот директор на МРТ да биде именуван за директор на Фондацијата „Скопје европска престолнина на културата 2028“. Цветковски беше директор на МРТ 15 години. Веднаш по завршување на мандатот е поставен за директор на Фондацијата „Скопје европска престолнина на културата“.
Ѓорѓиевски е убеден дека Цветковски ќе испорача одлични резултати. Според него, членовите на Управниот одбор кој досега раководеа со манифестацијата не се сменети.
„Обично секој што доаѓа прави измени јас сакав да оставам впечаток дека дека не почнува и не зваршува се со мене. Сепак има членови со долгогодишни искуства секој во својата област во својата фела особено во културата. Мислам дека зедно со Цветковски кој има сериозни искуство ќе дадат одлични резултати со кои сите ќе се гордеееме“, рече Ѓорѓиевски.
Фондацијата „Скопје 2028“ ја формираше Град Скопје со цел да обезбеди успешна, европски кредибилна и одржлива реализација на Европската Престолнина на Културата Скопје 2028 со долгорочни позитивни, културни, социјални, еколошки и економски ефекти за Градот и државата .
