Вести Македонија Топ вести

Сиљановска-Давкова го поздрави нон пејперот што го иницираа Мерц и Макрон

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздравува нон пејперот што го иницираа германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон во пресрет на самитот ЕУ – Западен Балкан, но нагласува дека конечни оценки може да се дадат дури кога ќе има официјален документ.

Мојата оценка е дека кога ќе видиме пејпер, тогаш ќе можам да кажам за што се работи оти нон пејпер значи нешто без наслов, без име, без потписи, со идеи, иако секогаш ваквиот тип документи, или многу често, им претходеле на вистинските документи. Ако се оценува чекорот, тогаш го поздравувам – изјави Сиљановска-Давкова во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Според неа, регионот со години се соочува со застој во евроинтеграциите, што придонело за нејасен однос на Европската Унија, и ја нагласи потребата од поголема предвидливост во процесот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Секс скандал го тресе судот во Хаг, суспендиран главниот обвинител

Kristina Kuzmanovski

Рама контра „Револуцијата Фламинго“: Проектот во Зврнец ќе се гради и ќе ги воодушеви луѓето

Kristina Kuzmanovski

Владата размислува сама да ги гради Чебрен и Галиште

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе