Струмичките земјоделци бараат интервенции во откупот на зелка

Земјоделците бараат итни интервенции во откупот на зелката, во спротивно ќе блокираат. Овој е ставот на земјодеските здруженија коишто се вознемирени од огромниот пад на цената на зелката, којашто за неколку денови од 25 денари за килограм е меѓу 10 и 12 денари за килограм.

Митев тврди дека ситуацијата дополнително ќе станува непријатна и неподнослива кога ќе стаса целото производство, бидејќи дури 70 проценти од зелката не е созреана за берење. А откупот веќе е проблематичен и освен што е ниска цената нема и побарувачка.

Според откупувачите проблемот е во пласманот бидејќи освен во Хрватска и Полска, нема други земји за продажба, а пазарот во Русија од неодамна е затворен.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ