Тутунопроизводителите не пројавуваат интерес за зголемување на засадените површини

Струмичките тутунари не пројавуваат желба за окрупнување на земјоделските површини и зголемување на производството, иако тутунот претставува една од културите со најстабилен пласаман, со оглед дека се продава по однапред направен договор меѓу производителот и купувачот. Од здружението „Јака“ велат дека тутунопроизводителите во овој регион во просек засадуваат п ополовина хектар што е трипати помалку од површината што се засадува во Западна Македонија.

Андонов аплеира да не се брза со склучување на договорите бидејќи интересот за тутунот расте а во струмичко следната реколта ќе откупуваат и две нови компании. Едната по подолг период се враќа на тутунскиот пазар а другата е целосно нова.

Во годинешниот откуп се откупени 23.100 тони тутун со просечна цена од 217 денари за килограм, а субвенциите се очекува да бидат исплатени во месец април. Вредноста на откупениот тутун оваа година е над 80 милиони евра, со субвенции од околу 28 милиони евра, тоа се над 108 милиони евра кои се доход на тутунопроизводителите.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ