Димитров: Европа да ја задржи својата лидерска улога

Министерот за надворешни работи кој учествува на Минхенската безбедносна конференција истакна дека не постои друг начин Европа да ја задржи својата лидерска улога во регионот освен преку интегрирањето на земјите кои не само што се веќе географски и културолошки дел од неа, туку и курсот го усмеруваат кон европскиот модел. Еве дел од излагањето на Димитров.

  • Како што многумина го нарекуваат, вклучувајќи ги и европските лидери, тоа беше историска стратешка грешка минатиот октомври, но позитивна страна на сето тоа е што Европа почна да разговара за таа политика, беше како без пилот, статус кво… сега европските лидери ја препознаваат темата. Париз започна со нон-пејперот но сега имаме методологија од Европската комисија каде се инкорпорирани дел од идеите. Мислам дека некои од предлозите се корисни, прво, има повеќе бенифиции околу ИПА фондовите и креирање на политика на интегрирање пред зачленувањето, истакна меѓу другото Никола Димитров, министер за надворешни работи.
Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ