69-годишен маж првиот пациент во Тетово

Првиот случај на Корона Вирус во Тетово е регистриран кај 69 годишен пациент. Тој со симптоми на КОВИД 19 покачена температура и главоболки како што тврди неговото семејство, бил веќе неколку дена сместен на клиниката во Козле каде лежел по претходно добиен мозочен удар.

Од оваа установа на 23 март добиле повик дека пациентот бил испишан и мора да се врати дома во Тетово. Семејството инсистирало нивниот близок да биде тестиран и ако е позитивен да биде пратен на лекување на инфективната клиника во Скопје. Но оттаму не им одговориле позитивно и пациентот со возило на брза помош бил донесен одма.

Но дома состојбата му се влошила. Пациентот бил примен на инфективното одделени во Тетово. Потоа следувала постапка на тестирање која покажала дека 69 годишниопт пациент е позитивен на Корона вирус

Како што тврди семејството, пациентот додека имал симптоми на КОВИД 19 бил во три болнички установи и во сите три лежел, а престојувал и дома.

Дали го пренел вирусот кај неговите најблиски ќе треба да покажат тестирањата. Утринава од членовите на семејството биле земени брисеви.

Директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети, вели дека болничките установи каде лежел пациентот биле заштитени и не верува дека здравствените работници ќе бидат заразени.

Пациентот сега се наоќа на инфективната клиника во Скопје и според неговото семејство се наоѓа во добра здравствена состојба.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ