50 % од питката вода од скопскиот водовод „Рашче“ се фрла

Скопје, минатиот март. Слика интересна за минувачите, и еден од најголемите проблеми на скопското водоводно претпријатие. Полевање на јавни површини, улични хидранти и градски чешми. Годишниот биланс е еден кубен метар излеана вода без пари, наспроти еден наплатен за Ј.П. „Водовод“. И покрај достапните мерења, претпријатието најмило израелска компанија за сума од 1 милион евра да открие каде е водата која недостига. „Јутилис“ од воздух, открила 237 дефекти коишто се причина за 15 проценти од целата количина да заврши неупотребена.

„Користиме сателитска технологија која што има можност да гледа низ почвата и специфично да ја изолира водата која е дел од природата, и водата која е третирана за во водоводот. На тој начин откако местото каде што се излева вода ќе го идентификуваме ја известуваме компанијата да оди и да го санира дефектот, без непотребно да трага, копајки канали. Скенираме многу брзо, и на овој начин водводните комапнии заштедуваат пари за луѓе, опрема и не трошат време за пронаоѓање на дефектот“, вели основачот на „Јутилис“ Лорен Гај.

И, со оваа технологија ќе бидат потребни  неколку години да се санираат дефектите и да се обезбеди техничка вода за јавните површини, со што загубата од 50 процнети би се намалила за 15 проценти. Загрижува и фактот што дефектите не се случуваат само на старата и дотрена скопска мрежа, туку и на новопоставените цефки од пластика. За разлика од Скопје со истото скенирање во Загреб биле детектирани само 50-тина дефекти. Град Скопје ја задржа истата цена за метар кубен вода за домаќинствата, а претпријатието покрај загубите на вода се соочува и со лоша наплата. Во Скопско сеуште постојат населени места кои добиваат водовод од „Рашче“, а плаќа секој десетти жител.

Павле Беловски

 

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ