37 лица приведени – шетале во полициски час

Во изминатите 24 часа (25/26.03.), според евиденцијата на МВР, на
територијата на државата на 368 лица им се издадени решенија за изолација,
82 потпишале изјави за самоизолација, а од страна на полициските служби
извршени се контроли и е констатиран само еден случај на лице кое не ја
почитувало самоизолацијата.

Покрај ова полицијата, во соработка со другите институции во изминатото
деноноќие извршила и контрола врз 222 угостителски и други објекти, и во три
случаи за три објекти е констатирано непочитување на владините мерки и
одлуки.
По однос на контролата на забраната за движење од 21 до 05 часот утврдено е
дека 66 лица не ја почитувале забраната при што приведени биле 37 лица, а за
другите се изготвени записници и ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ